За сертификатот


Провери дали компанијата е Коректна фирма?

Search Компании

  


Што е сертификатот Коректна Фирма?

Сертификатот Коректна Фирма постои на европскиот пазар од 2012 година. Овој европски проект се спроведува преку македонската фирма Корект Компани ДООЕЛ Скопје. Во земјите од регионот како на пример Бугарија, реализацијата е успешна благодарение на брзото адаптирање на постоечките бизнис модели кон однесувањето и реакциите на корисниците на новите интернет трендови. Најновите информатички технологии обезбедуваат достапност на клиентите до широк спектар на информации за секој производ, услуга, претпријатие или институција. Корисниците бараат секакви податоци, јавно достапни, за компаниите чии производи ги конзумираат. Сакаат да знаат дали некоја компанија е сигурна и веродостојна. За таа цел, сопствениците на мобилни уреди поминуваат голем дел од своето време на интернет – барајќи и читајќи големи волумени на податоци. Токму тука, нашaта програма се обидува да создаде мост меѓу производителите и потрошувачите. Нашите алатки ни помогаат да ги филтрираме и наградиме фирмите кои имаат позитивни спомнувања на интернет. Секако и да им помогнеме на тие кои немаат.

Досега ниту една институција не спроведувала истражувања базирани на оваа методологија во Македонија. За разлика, во Европа каде овој тип на истражувања се стандард долги години наназад.


Што е Коефициент на спомнувања?

Коефициентот на спомнувања е создаден врз основа на посебен алгоритам. Тоа е процентуален износ, негативен или позитивен кои го одразува нивото на негативни спомнувања на интернет на одредени клучни термини насочени кон име на фирма или бренд. Се пребаруваат клучни термини кои го дефинираат расположението на потрошувачите.

Позитивниот коефициент имаат фирми за кои нема негативни коментари. Тоа значи дека фирмата нуди високо ниво на квалитетна услуга или производ. Тие уживаат голема доверба кај своите потрошувачи и преку добриот збор побрзо и полесно се стекнува со нови.

Негативниот коефицент означува дека фирмата има повеќе негативни спомнувања. Нивната услуга или производ предизвикале доволно незадоволство за да испровоцира негативни коментари на интернет. Тоа обесхрабрува нови корисници. Такви фирми не можат да учествуваат во проектот. Но за такви фирми доколку се заинтересирани да ја подобрат нивнтата репутација нудиме дополнителни консултативни услуги.


Зошто Сертификатот Коректна Фирма?

Сертификатот служи за да ја потврди добрата репутација на фирмата на интернет просторот. Исто така, многу подобро и полесно привлекува нови клиенти кон компанијата. Секоја фирма која поседува ваков сертификат може да се пофали за нивната одлична услуга или производ пред секој нов потенцијален муштерија.

Дополнително со нашаиот сертификат добивате и дигитална визит карта која е адекватно оптимизирана за да биде меѓу првите резултати при пребарување на соодветните клучни термини кои ја одликуваат Вашата дејност.


Во што се состои пратката?

Доколку решите да учествувате во проектот и одлучите да ја земете печатената варијанта на сертификатот, истата ќе ја добиете преку курирска фирма:

  • Печатена верзија на Сертификатот, изработена на високо квалитетна хартија. Тоа е документ кој потврдува дека претпријатието е навистина коректна фирма. На потврдата е испишано целосното име на организацијата, како и дека фирмата има безпрекорна репутација меѓу своите клиенти. Сертификатот е врамен во квалитетно изработена стаклена рамка за подобра заштита.
  • Четири налепници со логото „Коректна Фирма“ кои можат да се залепат на службен автомобил или на друго видно место се детално и квалитетно направени, водоотпорни со исклучително висок квалитет.
  • Податоци за пристап до интернет страницата на нашиот проект каде ќе можете постојано да ги ажурирате Вашите податоци објавени на нашата дигитална визит карта.
  • Фактура за еднократна наплата на услуга.

Зошто дигитална визит карта?

Ние промивираме дигитални бизнис карти на сите коректни фирми на интернет просторот. Тоа е од големо значење во денешниот свет кој е целесно преселен и достапен за секого на он-лајн. Големиот број на истражувања, достапни на интернет, покажуваат дека при процесот на креирање на нови бизнис врски мнозинството потенцијлани партнери прво бидуваат истражувани на интернет. Нивното интернет присуство има голема улога во градењето на мислењето за истите. Најчесто и недостатокот на податоци на интернет придонесува кон градење на негативно мислење за компанијата.

Титулата „Коректна Фирма“ покрај хартиениот сертификат исто така создава за вас дигитална визит карта која го промовира Вашиот бизнис на интернет. Тоа е многу корисно, бидејќи во иднина на пример, кога некој ќе пребарува на интернет некој од Вашите клучни термини, да речеме компанија за достава во Битола, или трговец во Виница Вашата дигитална визит карта ќе котира високо во рангирањето на Гугл, поточно ќе излезе меѓу првите 5 до 10 резултати доколку Вие ги исполнувате тие параметри. Дополнително ќе се види дека поседувате сертификат за коректна фирма, алатка со која дополнително ја градите Вашата репутација. Нашата организација исто емитува периодични рекламни кампањи на нашите фирми кои го поседуваат сертификатот во разни видови на медиуми.