Информации


Провери дали компанијата е Коректна фирма?

Search Компании

  


Како да започнете реклама со помош на Сертификатот „Коректна фирма“?


Најпрво…

… сакаме уште еднаш да Ви честитаме за добивање на позитивен резултат на проверката за задоволство на корисниците. Подолу сакаме во неколку чекори да ви објасниме како да ја започнете промоцијата на Вашата фирма со Сертификатот “Коректна фирма”.

Секој учесник во проектот добива курирска пратка која содржи:

  • Испечатен сертификат – изработен на елегантна хартија сместен во лукзузна рамка, веднаш спремен да се експонира. Тој претставува документ кој е сведоштво за тоа дека објектот е навистина Коректна фирма. На сертификат, кој може да биде објавен на избрана локација во седиштето на претпријатието, се наоѓа целосното име на организацијата. Исто така има и информации за какви ваши квалитети овој сертификат ги валидира,
  • Електронска визит карта – ние Ви обезбедуваме корисничко име и лозинка до нашиот портал каде се наоѓа вашата е-визит карта. Во нејзи има конткакт податоци за Вашата фирма. Со нејзина помош Вие се промовирате на интернет. Така станувате подостапни за многу поголем број на потенцијално нови клиенти.
  • Налепници со логото „Коректна фирма“ кои можете да залепите на пример на службена кола или на излогот. Налепници се водоотпорни, благодарение на тоа можат да и служат на фирмата долго време.

Ефектите на промоција, чекор по чекор


1.

Прикажете го хартиениот сертификат „Коректна фирма“ на видливо место во Вашата канцеларија. Истражувањата покажуваат дека експонирањето на сертификати кои ги глорифицираат Вашите епитети значително придонесуваат во градењето на позитивна репутација меѓу Вашите гости.


2.

Висококвалитетната водоотпорна налепница на Коректна фирма залепетe ја на видливо место, на прозор, на влезната врата, на излогот на Вашиот дуќан или на Вашето службено возило. Нека Вашите возила или други имоти исто така служат како Ваша бесплатна реклама видлива за сите.


3.

Податоци за пристап на Вашата е-визит карта.  Многу е важно да ги запишете и зачувате за во иднина. Со нивна помош можете да се логирате на нашиот портал и редовно да ги ажурирате објавените податоци. Или доколку сакате без плус трошоци, само јавете се на нашите вработени и кажете им кои податоци сакате да се променат, внесат или ажурираат.

Доколку одлучите да не ја искористите бесплатната услуга ние да ви ги ажурираме Вашите податоци редовно и сакате самите да го правите тоа, тогаш следете ги следните упатства:


1.

За да се логирате најпрво треба да го внесете линкот на нашиот интернет портал и да појдете на страната wp-login.php, или кликнете тука. Потоа внесете ги Вашите податоци, корисничкото име и лозинка кои доаѓаат попратно со Вашата фактура.

Штом се логирате порталот ќе Ве насочи до Вашиот кориснички профил каде ќе имате можност да ги пополнете податоците за Вашата е-визит карта.


2.

Тука ќе можете да додадете основни податоци како име, адреса, контакт информации и поспецифични податоци како детален опис на Вашата дејност и најнови промоции. Исто така можете да додадете и слики како логото на Вашата фирма, постери за Вашите најнови промоции или слично.
Кога ќе бидете задоволни со податоците кои сте ги внеле, кликнете на копчето „Зачувај“ и Вашите податоци ќе бидат веднаш ажурирани и објавени на порталот.


3.

Вашата визит карта која е објавена на нашиот портал можете да ја користите заедно до другиот матреал добиен од „Коректна фирма“ за секаков вид на промотивни кампањи и маркетинг акции. Можете да ги искористите како линкови до други интернет платформи како Фејсбук, Инстаграм или Твитер или на други типови на медиуми. Доколку Ви е потребно „Коректна Фирма“ е тука за Вас да Ви помогне во креирање и имплементирање на Вашите маркетинг проекти.