Алатки
Провери дали компанијата е Коректна фирма?


Како функционира нашата програма преку пример
Анализа
Преку примерот во видеото погоре можете да видите како нашата програма врши анализа на 3 различни компании. Анализата се состои од внесување на генерални податоци за фирмата. Потоа за тие податоци се пребаруваат претходно дефинирани интернет портали. Таму се прелистува нивната содржина и се бараат истите термини, со помош на пајаци (crawlers). Една од нив има позитивен коефицент на спомнувања, а другите 2 имаат негативен. Редослед по кој работи програмата е следниот:
- Најпрво се запишуваат податоците на фирмата која ќе се анализира.
- Се превзема претходно подготвена листа со „чуствителни зборови“, најчесто користени негативни епитети од говорниот јазик, кои потоа програмата ќе ги пребарува.
- Во оваа фаза, програмата пребарува и споредува дали на интернет името на фирмата се поврзува со некој од чуствителните зборови.
- На крај се покажува резултатот, кој може да биде позитивен доколку не постои никакво поврзување со зборовите, или негативен во случај ако се најде конекција.
- При позитивен резултат фирмата се квалификува за Сертификатот, а доколку имате негативен резултат Ви стоиме на располагање доколку сакате да ја подобрите Вашата он-лајн репутација.
Доколку не се пронајдени негативни чуствителни термини кои се поврзуваат со компанијата за која се врши анализа тогаш таа фирма е Коректна Фирма. Тоа значи дека услугата или производот кои го пласираат ги задоволува сите потреби на своите клиенти и се одличуваат со одлична етика. Тоа, секако, треба да биде наградено и експонирано.