Што се спомнувања и зошто се важни?

Што се спомнувања и зошто се важни?

Спомнување значи токму тоа што значи поимот и се однесува за секое спомнување на Вашиот бренд на интернет. Но зошто е тоа важно? Затоа што интернетот е секојдневие и веќе сите сме заборавиле како беше да се живее без него. Тоа што порано беше репутација, „каков глас те бие“ на пазарот тоа, на некој симплифициран начин, е бренд спомнувања на интернет.

Но зошто се важни?

Затоа што денешниот потрошувач за секоја негова потреба има премногу можности, најчесто хомогени и идентични. Во таква средина каде истиот производ, често и без никакви разлики еден од друг, тешко е да се одлучува. Во ваква ситуација потрошувачот се осврнува на туѓи искуства за да одлучи која понуда е најдобра. Тоа се интернет спомнувањата. Позитивните искуства со Вашата услуга или продукт носат нови клиенти.

Што правиме ние?

Нашата фирма врши анализа на сите спомнувања на Вашиот бренд и генерира коефицент кој може да е позитивен доколку имате позитивни спомнувања или негативен. До колку се позитивни го добивате нашиот сертификат, а до колку имате висок негативен коефицент нудиме голем број на консултативни услуги кои можете да ги купите каде ќе ви помогнеме да ја подобрите сликата за Вашиот бренд.

 

Сертификатот Коректна Фирма постои на европскиот пазар од 2012 година. Овој европски проект се спроведува преку македонската фирма Корект Компани ДООЕЛ Скопје. Во земјите од регионот како на пример Бугарија, реализацијата е успешна благодарение на брзото адаптирање на постоечките бизнис модели кон однесувањето и реакциите на корисниците на новите интернет трендови. Најновите информатички технологии обезбедуваат достапност на клиентите до широк спектар на информации за секој производ, услуга, претпријатие или институција. Корисниците бараат секакви податоци, јавно достапни, за компаниите чии производи ги конзумираат. Сакаат да знаат дали некоја компанија е сигурна и веродостојна. За таа цел, сопствениците на мобилни уреди поминуваат голем дел од своето време на интернет – барајќи и читајќи големи волумени на податоци. Токму тука, нашaта програма се обидува да создаде мост меѓу производителите и потрошувачите. Нашите алатки ни помогаат да ги филтрираме и наградиме фирмите кои имаат позитивни спомнувања на интернет. Секако и да им помогнеме на тие кои немаат.Досега ниту една институција не спроведувала истражувања базирани на оваа методологија во Македонија. За разлика, во Европа каде овој тип на истражувања се стандард долги години наназад.

Leave a comment