Анализа на влијанието на сертификати на потрошувачите

Анализа на влијанието на сертификати на потрошувачите

На каков начин влијаат на клиентите? На кој начин нивната употреба може да нè доведе до саканиот маркетинг успех – имено раст на бројот на клиентите, градење на односи на доверба меѓу корисниците кои за првпат ја посетуваат нашата фирма?

Сертификати најпрво градат добра престава за фирмите. Клиентите, макар и да не зборуваат за тоа, тие обрнуваат големо внимание на изразените мислења за фирмата, со која им претстои да соработуваат.

Ова се однесува на апсолутно сите фирми – од продавница до фирма која извршува огромни градежни активности. Секое соработка се развива добро кога има меѓусебна доверба. Сепак, тешко е да се изгради таква доверба, пред да започнат односи со клиенти – извршена услуга или продажба.

Ајде да се замислиме ситуација – влегуваме во седиште на фирма. Не еднаш се случува, дека треба да почекаме.

Што правиме тогаш? Обично ја погледнуваш просторијата во која се наоѓаш – поради проста причина што немаме што да правиме. Ако во овој момент забележиме дека фирмата била наградена од некакви надворешни организации – дефинитивно го возбудува нашиот интерес – почитта кон оваа компанија, како и тоа кон што се стреми секоја една фирма – доверба.

Имањето на сертификати дефинитивно ни дава предност пред конкуренцијата.

Поседувањето сертификати за одличност несомнено го скратува патот до доверба. Нашата работа посветена во убедување на клиентите да ги користат токму нашите услуги дефинитивно станува лесна – кога зад себе имаме разни надворешни сертификати.

 

Сертификатот Коректна Фирма постои на европскиот пазар од 2012 година. Овој европски проект се спроведува преку македонската фирма Корект Компани ДООЕЛ Скопје. Во земјите од регионот како на пример Бугарија, реализацијата е успешна благодарение на брзото адаптирање на постоечките бизнис модели кон однесувањето и реакциите на корисниците на новите интернет трендови. Најновите информатички технологии обезбедуваат достапност на клиентите до широк спектар на информации за секој производ, услуга, претпријатие или институција. Корисниците бараат секакви податоци, јавно достапни, за компаниите чии производи ги конзумираат. Сакаат да знаат дали некоја компанија е сигурна и веродостојна. За таа цел, сопствениците на мобилни уреди поминуваат голем дел од своето време на интернет – барајќи и читајќи големи волумени на податоци. Токму тука, нашaта програма се обидува да создаде мост меѓу производителите и потрошувачите. Нашите алатки ни помогаат да ги филтрираме и наградиме фирмите кои имаат позитивни спомнувања на интернет. Секако и да им помогнеме на тие кои немаат.Досега ниту една институција не спроведувала истражувања базирани на оваа методологија во Македонија. За разлика, во Европа каде овој тип на истражувања се стандард долги години наназад.

Leave a comment